Temen rafaelo | Hrana i Vino MKD
Автор: Hrana i Vino MKD
Загружено: 2017-04-19
Просмотров: 4094
Описание:
Темен Рафаело
3 јајца
9 лажици шеќер
9 лажици млеко
9 лажици масло за јадење
9 лажици брашно
3 лажици какао
1 ванилин шеќер
½ кесичка прашок за печиво
100 мл млеко
4 лажици шеќер
4 лажици рум
3 лажици мармалад од кајсии
400 мл слатка павлака
150 г чоколада за готвење
150 г кокосово брашно
Потребно време за подготовка на овој десерт е 60–тина минути.
Во сад за матење ги кршиме јајцата. Додаваме 9 лажици шеќер и ванилиниот шеќер. Матиме со миксер додека шеќерот не се растопи. Ги додавме маслото, брашното, прашокот за печиво, какаото и 9 лажици млеко. Мешаме со жица додека смесата не се соедини. Ја нанесуваме во правоаголна тава бр 32, обложена со хартија. Ја ставаме тавата во рерна. Печеме 25 минути на 180 степени и ја вадиме од рерна.
Во длабок сад ставаме 100 мл млеко. Ги додаваме румот и преостанатите 4 лажици шеќер. Мешаме со лажица додека шеќерот не се растопи.
Изладениот пандишпан го вадиме од тавата и му ја отстрануваме хартијата. Го враќаме во тавата и со лажица го попрскуваме со засладеното млеко со рум. Откако ќе го впие го премачкуваме пандишпанот со мармаладот.
Во сад за матење ја ставаме слатката павлака и матиме со миксер додека не ја добие потребната цврстина. На парчиња сечкаме 100 г чоколада за готвење и ја додаваме во садот. Додаваме и 100 г кокосово брашно и промешуваме со лажица. Ја нанесуваме изматената павлака со чоколада и кокосово брашно на колачот. На крупната страна од рендето врз колачот ги рендаме преостанатите 50 г чоколада и го наросуваме преостанатото кокосово брашно. Го сечеме колачот на коцки. Две парчиња Темен Рафаело ставаме на чинија за сервирање.
Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.
www.hranaivino.com.mk
www.hranaivino.tv
Subscribe for upcoming recipes:
/ @hranaivinomkd
Follow us:
Facebook: / hranaivino
Повторяем попытку...
Доступные форматы для скачивания:
Скачать видео
-
Информация по загрузке: