Socni trkalezni torticki | Hrana i Vino MKD
Автор: Hrana i Vino MKD
Загружено: 2017-04-27
Просмотров: 3100
Описание:
СОЧНИ ТРКАЛЕЗНИ ТОРТИЧКИ
ЗА ПАНДИШПАН
4 јајца
200 г шеќер
200 г брашно
200 г мелени ореви
200 мл млеко
200 мл масло за јадење
1 прашок за печиво
ЗА ФИЛ
100 г шеќер
100 мл вода
200 г мелени ореви
100 г чоколада за готвење
100 г исечкани зелени смокви од слатко
ЗА УКРАСУВАЊЕ
2 кесички прашок за шлаг
200 мл млеко
Потребно време за подготовка на овој десерт е 70–тина минути.
Почнуваме со подготовка на пандишпанот. Во длабок сад ги кршиме јајцата. Го додаваме шеќерот и матиме со миксер додека не се растопи. Потоа ги додаваме млекото, маслото, брашното, мелените ореви и прашокот за печиво. Мешаме со лажица додека смесата не се соедини. Ја нанесуваме во правоаголна тава бр 32, обложена со хартија. Тавата ја ставаме во рерна. Печеме 20 минути на 180 степени и ја вадиме од рерна. Изладениот пандишпан го вадиме од тавата и му ја отстрануваме хартијата. Со калап од пандишпанот вадиме тркалезни форми.
Почнуваме со подготовка на филот. Преостанатиот пандишпан го кинеме на ситни парчиња и го ставаме во длабок сад.
Во тенџере на оган ги ставаме водата и шеќерот. Чоколадата ја кршиме на парчиња и ја додаваме во тенџерето. Откако шеќерот и чоколадата ќе се растопат го тргаме тенџерето од оган. Во тенџерето ги додаваме мелените ореви и исечканите смокви, и промешуваме. Потоа содржината од тенџерето ја додаваме во длабокиот сад со иситнетиот пандишпан. Го мешаме филот со лажица и оставаме да се излади. Со раце од изладениот фил во форма на куп нанесуваме врз секој круг пандишпан.
Во длабок сад ги ставаме прашокот за шлаг и млекото, и матиме со миксер додека шлагот не ја добие потребната цврстина. Го ставаме шлагот во слаткарска кеса и ги украсуваме тортичките.
На чинија за сервирање ставаме три Сочни тркалезни тортички. Ги декорираме со чоколаден прелив. На двете страни на чинијата ставаме по три цели зелени смокви од слатко. Со лажица врз тортичките накапуваме од шербетот од слаткото.
Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.
www.hranaivino.com.mk
www.hranaivino.tv
Subscribe for upcoming recipes:
/ @hranaivinomkd
Follow us:
Facebook: / hranaivino
Повторяем попытку...
Доступные форматы для скачивания:
Скачать видео
-
Информация по загрузке: