Ledena puding torta | Hrana i Vino MKD
Автор: Hrana i Vino MKD
Загружено: 2020-03-19
Просмотров: 17747
Описание:
ЛЕДЕНА ПУДИНГ ТОРТА
За подготовка на овој десерт потребни ви се следниве производи:
-4 јајца за тесто
-4 лажици брашно за тесто
-4 лажици шеќер за тесто
-200 гр путер за фил
-1 пудинг од чоколада за фил
-1 пудинг од ванила за фил
-2 лажици шеќер за фил
-100 гр шеќер за фил
-600 мл млеко за фил
-1 прашок за шлаг
Потребно време за подготовка на овој десерт е 60 - тина минути.
Во сад за матење ги кршиме јајцата. Додаваме 4 лажици шеќер. Матиме со миксер. Откако шеќерот ќе се растопи го исклучуваме миксерот. Додаваме 4 лажици брашно. МеШаме со лажица. калапот за печење го намрснуваме со путер. Го истураме тестото во калапот. Ја рамниме површината. Калапот го ставаме во рерна. печеме 15 минути на температура од 200 степени.
Во меѓувреме го подготвуваме филот. Во садот со прШаокот за пудинг од ванила додаваме млеко. МеШаме со жица за матење. Преостанатите 250 мл млеко ги ставаме во тенџере. тенџерето го ставаме на оган. Во тенџерето додаваме 1 лажица шеќер. Потоа во тенџерето го додаваме размешаниот пудинг. Непрекинато мешајќи со жицата го вриме пудингот додека не ја добие потребната густина. Го тргаме тенџерето од оган.
Во садот со прашок за пудинг од чоколада додаваме млеко. Мешаме со жица за матење. Преостанатите 250 мл млеко ги ставаме во тенџере. Тенџерето го ставаме на оган. Додаваме 1 лажица шеќер. Промешуваме со лажица. Потоа во тенџерето го додаваме размешаниот пудинг. Го вариме пудингот непрекинато мешајќи со жица за матење. Го тргаме тенџерето од оган. Ги оставаме двата пудинга да се изладат.
Калапот со испечениот пандишпан го вадиме од рерна. Во сад за матење го ставаме путерот. Матиме со миксер. Додаваме 100 гр шеќер. Откако путерот ќе стане пенест го исклучуваме миксерот. Половина од изматениот путер додаваме во тенџерето со изладен пудинг од ванила. Изладениот пудинг од чоколада го додаваме во садот за матење. Матиме со миксер, додека состојките не се соединат. Кафениот фил од садот за матење го претураме во подлабок сад. Во садот за матење ја ставаме содржината од тенџерето. Матиме со миксер додека состојките не се соединат. Го отстрануваме страничниот дел од калапот. Потоа го отстрануваме и долниот дел од калапот. Пандишпанот го сечеме на два еднакви дела. Првиот дел го ставаме на долниот дел од тркалезна кутија за торта. Врз пандишпанот го нанесуваме кафениот фил. Со нож го рамачкуваме филот по целата површина. Врз филот го нанесуваме вториот дел од пандишпанот. Притискаме со раце. Врз вториот дел од пандишпанот го нанесуваме жолтиот фил.
Во сад за матење ставаме млеко. Во садот го додаваме прашокот за шлаг. Матиме со миксер додека шлагот не ја добие потребната густина. Шлагот го полниме во готварски шприц. Со помош на шприцот ги украсуваме страничниот и горниот дел од тортата. Со помош на цедалка врз тортата наросуваме какао. Сечеме едно парче Ледена пудинг торта и го ставаме на чинија за колачи.
Со овој десерт ви предлагаме да се напиете врвно суво бело вино Совињон бланк, произведено од винската сорта грозје Совињон бланк од одредени локалитети. Виното се одликува со златножолто-зелена боја, со хармоничен вкус и дискретен хербален мирис. Се служи на температура од 10 до 12 степени.
Добар апетит.
Subscribe for upcoming recipes:
/ @hranaivinomkd
Follow us:
Facebook: / hranaivino
Повторяем попытку...
Доступные форматы для скачивания:
Скачать видео
-
Информация по загрузке: