Vesnina torta | Hrana i Vino MKD
Автор: Hrana i Vino MKD
Загружено: 2017-01-14
Просмотров: 2260
Описание:
ВЕСНИНА ТОРТА
400 г бисквити
250 г маргарин
3 јајца
200 мл + 10 лажици млеко
150 г шеќер
150 г чоколада за готвење
150 г потпечени, мелени лешници
2 кесички прашок за шлаг
5 лажици рум
Потребно време за подготовка на овој десерт е 30–тина минути.
Чоколадата ја кршиме на парчиња, ја ставаме во тенџере на оган и мешаме со лажица. Јајцата ги кршиме и ги додаваме во тенџерето со растопената чоколада. Го додаваме шеќерот, матиме со миксер додека смесата не се соедини и го тргаме тенџерето од оган. Ги додаваме мелените лешници, промешуваме и оставаме смесата да се излади.
Во сад за матење со миксер го матиме маргаринот додека не стане пенест. Ја додаваме изладената смеса од тенџерето и матиме со миксерот додека филот не се соедини.
Во длабок сад ставаме 10 лажици млеко и го додаваме румот. Бисквитите ги потопуваме во млекото со рум и ги редиме на послужавник, формирајќи правоаголна форма. Врз бисквитите нанесуваме фил. Истата постапка ја повторуваме додека не ги потрошиме сите бисквити. Потоа целата торта ја премачкуваме со преостанатиот фил.
Во сад за матење ги ставаме прашокот за шлаг и преостанатите 200 мл млеко. Матиме со миксер додека шлагот не ја добие потребната цврстина. Го ставаме во слаткарска кеса, и ги украсуваме страничните делови и краевите на горната површина на тортата. Средината на тортата ја украсуваме со полукругови портокал и листови мента. Декорацијата ја завршуваме со пет топчиња шлаг на горната површина на Веснината торта.
Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.
www.hranaivino.com.mk
www.hranaivino.tv
Повторяем попытку...
Доступные форматы для скачивания:
Скачать видео
-
Информация по загрузке: