Solena torta so spanak | Hrana i Vino MKD
Автор: Hrana i Vino MKD
Загружено: 2018-05-01
Просмотров: 7746
Описание:
СОЛЕНА ТОРТА СО СПАНАЌ
Декорирана со листови ендивија, шери домати и маслинка навистина изгледа преубаво. За прекрасниот вкус покрај спанаќот заслугата им ја припишуваме на крем сирењето, кашкавалот, магдоносот и кечапот. Па, како човек да и најде мана, дури и да сака?
Solena torta so spanak
СОЛЕНА ТОРТА СО СПАНАЌ
4 јајца
500 г исчистен спанаќ
200 мл млеко
150 г брашно
125 г маргарин
400 г крем сирење
300 г кругови шунка
200 г кашкавал
2 лажици кечап
магдонос
масло за јадење
Хималајска сол
Potrebno vreme za podgotovka na ova predjadewe e 50- tina minuti.
Спанаќот ситно го сечкаме и го ставаме во длабок сад. Посолуваме и оставаме да отстои 30-тина минути.
Јајцата ги кршиме и ги делиме белките од жолчките. Ги матиме жолчките со миксер и ги додаваме во садот со исечканиот спанаќ. Потоа ги додаваме млекото и брашното.
Во тенџере на оган го топиме маргаринот и откако малку ќе се подизлади го додаваме во садот со спанаќот.
Белките ги матиме со миксер, па и нив ги додаваме во садот со спанаќот. Мешаме со лажица додека смесата не се соедини. Ја нанесуваме во тава од рерна, обложена со хартија намрсена со масло. Тавата ја ставаме во рерна. Печеме 30 минути на 180 степени и ја вадиме од рерна.
Во два сада ставаме по 130 г од крем сирењето. Магдоносот ситно го сечкаме, го додаваме во првиот сад и го мешаме филот со лажица. Во вториот сад го додаваме кечапот, па и овој фил го мешаме со лажицата.
Испечената кора ја вадиме од тавата, и ја отстрануваме хартијата и ја сечеме на три еднакви дела. Првата лента од кората ја ставаме на послужавник, и ја премачкуваме со филот од крем сирење и магдонос. Врз филот редиме кругови шунка. Ја ставаме втората лента од кората, и ја филуваме со филот од крем сирење и кечап. Прекриваме со третата лента и целата торта ја премачкуваме со преостанатото крем сирење. На ситната страна од рендето на чинија го рендаме кашкавалот и го наросуваме на филуваната торта. Декорираме со четвртинки шери домати и една црна маслинка.
Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.
Subscribe for upcoming recipes:
/ @hranaivinomkd
Follow us:
Facebook: / hranaivino
Повторяем попытку...
Доступные форматы для скачивания:
Скачать видео
-
Информация по загрузке: