Praznicni stanglicki | Hrana i Vino MKD
Автор: Hrana i Vino MKD
Загружено: 2018-04-30
Просмотров: 1593
Описание:
ПРАЗНИЧНИ ШТАНГЛИЧКИ
Убаво изгледаат и многу се вкусни. Како и да не бидат со печени, па похувани црвени пиперки, кашкавал и шунка. Пандишпан не треба да печете, само тост лепчињата да ги премачкате со мешавина од павлака и мајонез, значи и брзи за подготовка. Секако не мора да чекате празник за да ги направите.
Praznicni stanglicki
ПРАЗНИЧНИ ШТАНГЛИЧКИ
за 4 лица
8 парчиња тост леб
8 црвени печени, лупени пиперки
300 г кашкавал
300 г кругови шунка
100 г брашно
2 јајца
360 мл кисела павлака
200 г мајонез
масло за јадење
Хималајска сол
Potrebno vreme za podgotovka na ova predjadewe e 30- tina minuti.
На пиперките им ги отстрануваме рачките и семките, и ги сушиме со кујнска крпа. Ги отвораме по должина и ги посолуваме.
Јајцата ги кршиме во длабок сад, ги посолуваме и ги матиме со жица.
Пиперките ги набрашнуваме од двете страни и ги свалкуваме во изматени јајца. Потоа ги пржиме на загреано масло во тава на оган. Откако ќе поруменат од двете страни ги вадиме похуваните пиперки од тавата и ги ставаме на чинија, обложена со хартиени салфетки.
Мајонезот го додаваме во садот со киселата павлака, и мешаме со лажица додека смесата не се соедини.
Тост лепчињата ги премачкуваме со мешавината од павлака и мајонез, и ги редиме на послужавник. Врз лепчињата ставаме похувани пиперки, и премачкуваме со павлаката со мајонез.
Кашкавалот го сечкаме на многу тенки парчиња и ги редиме на лепчињата. Врз нив ги нанесуваме преостанатите похувани пиперки, и ги премачкуваме со мешавината од мајонез и павлака. Потоа скалесто ги редиме круговите шунка, и ги премачкуваме со преостанатата мешавина од павлака и мајонез. На ситната страна од рендето на филуваните лепчиња го рендаме преостанатиот кашкавал. Го ставаме послужавникот во фрижидер. Откако колачот ќе се излади го сечеме на штанглички.
На чинија за сервирање редиме 4 штанглички. Ги декорираме со по еден круг шери домат и по две гранчиња копар.
Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.
Subscribe for upcoming recipes:
/ @hranaivinomkd
Follow us:
Facebook: / hranaivino
Повторяем попытку...
Доступные форматы для скачивания:
Скачать видео
-
Информация по загрузке: