Torta so makaroni l Hrana i Vino MKD
Автор: Hrana i Vino MKD
Загружено: 2016-12-19
Просмотров: 9917
Описание:
ТОРТА СО МАКАРОНИ
500 г лиснато тесто
400 г макарони
400 г мелено месо
400 мл кисела павлака
4 јајца
200 г пилешки црн дроб
150 г кромид
150 г кашкавал
150 г доматно пире
100 г ленти чадена сланина
100 г рендан пармезан
50 мл јогурт
масло за јадење
Хималајска сол
Потребно време за подготовка на ова предјадење е 70 – тина минути.
Главиците кромид ситно ги сечкаме и ги пржиме на загреано масло во тава на оган. Лентите сланина ги сечкаме на коцки и ги додаваме во тавата со омекнатиот кромид. Пилешкиот дроб го сечкаме на парчиња и го додаваме во тавата со испржената сланина. Потоа го додаваме меленото месо и го ситниме со лажица. Откако ќе се испржи го додаваме доматното пире и ја тргаме тавата од оган. Во длабок сад ги кршиме јајцата и посолуваме. Ги матиме јајцата со жица и ги додаваме во тавата. Го додаваме ренданиот пармезан и го промешуваме филот.
Во тенџере со посолена зовриена вода на оган ги вариме макароните. Ги цедиме во цедалка и ги враќаме во тенџерето. Го додаваме филот од тавата за пржење и промешуваме.
Од двете парчиња лиснато тесто на набрашнета работна маса со сукалка развлекуваме кори. Од првата кора со калап отсекуваме тркалезна форма со големина на калапот. Преостанатото отсечено парче од првата кора го ставаме врз втората кора лиснато тесто и со сукалката уште малку ја развлекуваме. Со сукалката ја ставаме втората кора во калапот, прекривајќи го и страничниот дел. Врз неа ги нанесуваме макароните со филот. Прекриваме со претходно отсечената тркалезна форма од лиснато тесто. Со готварска четка краевите на горната кора ги премачкуваме со вода. Краевите на долната кора ги свиткуваме кон внатрешноста на тортата, формирајќи витка. Со нож ја боцкаме тортата на повеќе места и со четката ја премачкуваме со јогуртот. Го ставаме калапот во рерна. Печеме 40 минути на 200 степени и го вадиме од рерна. Изладената торта ја вадиме од калапот и ја премачкуваме со киселата павлака. На ситната страна од рендето врз тортата го рендаме кашкавалот. Ја ставаме тортата на чинија и декорираме со полукругови домати. Декорацијата ја завршуваме со еден цвет од лушпа од домат и четири маслинки.
Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво црвено вино. Се служи на температура од 18-20 степени.
Добар апетит.
www.hranaivino.com.mk
www.hranaivino.tv
Повторяем попытку...
Доступные форматы для скачивания:
Скачать видео
-
Информация по загрузке: