Solena pletenka | Hrana i Vino MKD
Автор: Hrana i Vino MKD
Загружено: 2018-02-02
Просмотров: 2428
Описание:
Во три различни бои, со три различни вкуса. Превкусни лиснати теста со филови од мелено месо, спанаќ и сирење соединети во плетенка наросена со сусам. Верувајте дека ги заслужуваат Вашето време и љубопитност да испробате нешто ново, чиј вкус нема брзо да го заборавите
Solena pletenka
СОЛЕНА ПЛЕТЕНКА
средна
1 кг брашно
500 мл млак јогурт
100 мл млака вода
6 јајца
2 лажици шеќер
1 свеж квасец
500 г мелено месо
500 г исчистен спанаќ
250 г сирење
250 г маргарин
50 г сусам
масло за јадење
Хималајска сол и црн пипер
Потребно време за подготовка на ова предјадење е 60– тина минути, не сметајќи го времето за стасување.
Во тенџере со млаката вода додаваме една лажица шеќер. Квасецот го рониме со рака, го додаваме во тенџерето и мешаме со жица додека не се растопи.
Брашното во длабок сад го посолуваме и ја додаваме преостанатата лажица шеќер. Потоа ги додаваме размешаниот квасец и млакиот јогурт, и мешаме со лажица. Кршиме 4 јајца, ги додаваме во садот и продолжуваме да го месиме тестото со рака. Го покриваме садот со кујнска крпа и оставаме тестото да стасува 30-тина минути на топло место.
Во тенџере со зовриена вода на оган го обаруваме спанаќот. Го цедиме во цедалка и ситно го сечкаме. Потоа го пржиме на загреано масло во тава на оган. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Откако течноста ќе испари ја тргаме тавата од оган.
Во друга тава на оган со загреано масло го ставаме меленото месо и го ситниме со лажица. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Откако месото ќе се испржи и оваа тава ја тргаме од оган.
На набрашнета работна маса го размесуваме стасаното тесто и го делиме на 3 еднакви делови. Од секое парче тесто формираме топка. Од првата топка тесто со сукалка развлекуваме кора. На крупната страна од рендето на средината на кората рендаме 1/3 од маргаринот. Ја преклопуваме кората 4 пати и со сукалката повторно развлекуваме кора. И оваа кора ја преклопуваме 4 пати и ја ставаме на набрашнета чинија. Истата постапка ја повторуваме и со преостанатите две топки тесто.
Од првото преклопено тесто повторно развлекуваме кора и ја сечеме на 3 еднакви ленти. Врз секоја лента нанесуваме по 1/3 од филот од мелено месо. Од секоја лента виткаме ролат.
Од второто тесто развлекуваме кора и ја сечеме на 3 ленти. Ги филуваме лентите со филот од спанаќ и виткаме ролати.
Од третото тесто развлекуваме кора и ја сечеме на 3 ленти. Сирењето го дробиме со виљушка, го нанесуваме на лентите и виткаме ролати. Земаме по еден ролат филуван со различен фил, плетеме плетенка и ја ставаме во тава за печење. На истиот начин ги подготвуваме и преостанатите две плетенки и ги ставаме во тавата. Оставаме плетенките да стасуваат 30-тина минути на топло место.
Преостанатите две јајца ги кршиме и ги делиме белките од жолчките. Со готварска четка ги матиме жолчките. Ги премачкуваме ролатите во тавата и ги наросуваме со сусам. Ја ставаме тавата во рерна. Печеме 45 минути на 180 степени и ја вадиме од рерна. Ги сечеме плетенките на парчиња и ги ставаме на чинија за сервирање. Декорираме со гранчиња копар и еден шери домат.
Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит
Hrana i Vino MKD
Subscribe for upcoming recipes:
/ @hranaivinomkd
Follow us:
Facebook: / hranaivino
Повторяем попытку...
Доступные форматы для скачивания:
Скачать видео
-
Информация по загрузке: