Zelen pcenkarnik | Hrana i Vino MKD
Автор: Hrana i Vino MKD
Загружено: 2018-01-30
Просмотров: 866
Описание:
Испробајте нешто ново, а всушност од дамнина познато и подготвувано. Е, сега дали баш така се викал не гарантираме, но дека е вкусен – тоа секако. Со пченкарно и бело брашно, спанаќ и семки од сончоглед – Ви ја разбидивме љубопитноста, па повелете, редот е Ваш.
Zelen pcenkarnik
ЗЕЛЕН ПЧЕНКАРНИК
2 јајца
400 г пченкарно брашно
400 г бело брашно
400 г листови спанаќ
400 мл газирана вода
100 мл млеко
100 г лупени семки од сончоглед
1 прашок за печиво
масло за јадење
Хималајска сол
Потребно време за подготовка на ова предјадење е 60– минути.
Во тенџере со зовриена вода на оган го обаруваме спанаќот. Го цедиме во цедалка и ситно го сечкаме.
Во длабок сад ги ставаме пченкарното брашно, белото брашното и прашокот за печиво, и посолуваме. Ги додаваме газираната вода, млекото и исечканиот спанаќ, и промешуваме.
Во друг длабок сад ги кршиме јајцата и ги матиме со жица. Додаваме 250 мл масло и мешаме со жицата. Потоа јајцата со масло ги додаваме во садот со брашното и спанаќот. Мешаме со лопатка додека смесата не се соедини.
Хартијата во тркалезна тава бр 30 ја попрскуваме со масло и со готварска четка ја намрсуваме. Во тавата ја нанесуваме подготвената смеса и ги наросуваме семките од сончоглед. Ја ставаме тавата во рерна. Печеме 40 минути на 180 степени и ја вадиме од рерна. Го ставаме пченкарникот на чинија за сервирање. Декорираме со кришки домат и гранчиња босилек.
Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит
Hrana i Vino MKD
Subscribe for upcoming recipes:
/ @hranaivinomkd
Follow us:
Facebook: / hranaivino
Повторяем попытку...
Доступные форматы для скачивания:
Скачать видео
-
Информация по загрузке: