Pogaca | Hrana i Vino MKD
Автор: Hrana i Vino MKD
Загружено: 2017-01-06
Просмотров: 39499
Описание:
ПОГАЧА
1 кг брашно
500 мл млеко
250 г маргарин
1 јајце
30 г сусам
1 свеж квасец
Хималајска сол
Потребно време за подготовка на ова предјадење е 60- тина минути, не сметајќи го времето додека тестото стасува.
Во тенџере на оган го ставаме млекото. Откако ќе се смлачи го тргаме тенџерето од оган. Квасецот го рониме со рака и го ставаме во мал длабок сад. Додаваме 100 мл млако млеко и мешаме со лажица додека квасецот не се растопи. Млекото со размешаниот квасец го додаваме во тенџерето со преостанатото млако млеко. Брашното, во длабок сад, го посолуваме. Постепено го додаваме млекото со квасецот и со рака замесуваме тесто. Продолжуваме да го месиме тестото на набрашнета работна маса, додака не стане мазно. Формираме топка и ја враќаме во садот. Оставаме тестото да стасува 30-тина минути на топло место.
Во тенџере на оган го ставаме маргаринот. Откако ќе почне да се топи го тргаме тенџерето од оган.
На набрашнета работна маса од стасаното тесто со сукалка развлекуваме кора. Со готварска четка ја премачкуваме со 2/3 од полурастапениот маргарин и виткаме ролат. Го сечеме ролатот на 12 парчиња. Тенџерето со преостанатиот маргарин го враќаме на оган. Откако маргаринот целосно ќе се растопи го тргаме тенџерето од оган. Тркалезната тава бр 26 ја намрсуваме со растопен путер. Во тавата исправени ги редиме парчињата ролат. Со четката ги премачкуваме со преостанатиот растопен маргарин. Оставаме погачата да стасува 30-тина минути на топло место.
Јајцето го кршиме и ја делиме белката од жолчката. Ја матиме жолчката со жица. Во садот додаваме 30-тина мл вода и промешуваме. Потоа со четката ја премачкуваме погачата и со размешаната жолчка. Ја наросуваме со сусамот и ја ставаме тавата во рерна. Печеме 45 минути на 200 степени и ја вадиме од рерна. Подизладената Погача ја превртуваме на чинија и ја ставаме на даска за сервирање.
Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.
Овој рецепт се наоѓа во списанието Храна и вино бр. 148, од јануари 2017 год.
www.hranaivino.com.mk
www.hranaivino.tv
Повторяем попытку...
Доступные форматы для скачивания:
Скачать видео
-
Информация по загрузке: