Секој работник има право на плата и на додаток за прекувремената работа
Автор: Macedonian Helsinki Committee
Загружено: 2021-03-04
Просмотров: 119
Описание:
Во ова видео, работникот Свето Ристов ја опишува својата незавидна положба на работното место, каде бил приморан на огромен број часови прекувремена и неплатена работа.
Неисплаќањето на прекувремената работа е едно од најчестите прекршувања на работничките права. Оттука произлезе потребата од подобро регулирање на овој дел во новиот Закон за работните односи.
Новиот Закон ќе предвидува обврска договорот за вработување прецизно да ги дефинира случаите во кои работникот може да работи прекувремено. Ова ќе ја намали можноста за злоупотреба на овој институт од страна на работодавачите, за сметка на работниците.
Повторяем попытку...
Доступные форматы для скачивания:
Скачать видео
-
Информация по загрузке: