Анимиран филм за ЛГБТИ+ заедницата
Автор: Macedonian Helsinki Committee
Загружено: 2021-05-23
Просмотров: 918
Описание:
Анимираниот филм за ЛГБТИ+ заедницата во Република Северна Македонија е визуелна приказна на аниматорот, кој сака да се потпишува под псевдонимот Blessing.
"Ова е приказна од едно дете. Кога се родив во 1998 година, широко ги отворив очите и почнав да се восхитувам на животот. Бев магично понесен од овој разнобоен свет. Уште како мал си имав бујна фантазија. Во моите први тринаесет години, си имав оформено свој замислен розов свет. Во кој имав слобода да живеам вистински среќно. Во него понекогаш имав долга коса и фустанче. Иако мал, живеев со знаење дека не сум прифатен од моите родители. Секој ден истрошувачки го користев срцето за да постанам среќно дете, и дознаам што е љубов. Си пеев музика само во својата глава, бидејќи сите во училиште ме осудуваа и ме исмејуваа за моите „различности“ спрема останатите, исто како дома. Занесен во своите мисли, во мојата фантазија. Одеднаш, слушнав како некој чука на вратата, Срцето ми се претвори во камен, кој толку многу тежеше што ме симна на земја. Се вратив во реалноста. Сакам да знаеш дека, не треба да имаме исти гени, не треба да сме поврзани за ти да постанеш мое избрано семејство. Ќе има подобри денови. Те сакам."
Контакт: мејл: [email protected]
инстаграм: / animiran.film
Музика и звучни ефекти: YouTube Audio Library
Продуцирањето на филмот беше овозможено преку проектот Млади артивисти за промена (МАП), кој е финансиски поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Холандија. Мислењата и ставовите произнесени во филмот не мора задолжително да ги изразуваат официјалните ставови на донаторот ниту на спроведувачот.
Повторяем попытку...
Доступные форматы для скачивания:
Скачать видео
-
Информация по загрузке: