Најмеките и највкусните лиснати стапчиња!
Автор: Kujnata na Stanka
Загружено: 2026-02-16
Просмотров: 25
Описание:
Лиснати стапчиња меки како душа
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ
За тестото:
– 300 мл млако млеко
– 20 г свеж квасец (половина коцка)
– 2 лажици шеќер
– 1 лажичка сол
– 5 лажици маслиново масло (или сончогледово масло)
– 600 г брашно (плюс дополнително за посипување)
– НМД
– Омекнат маргарин за премачкување
За филот:
– 200 г здробено фета-сирење или зрел домашен кашкавал
– 150 г омекнат маргарин
За премачкување:
– 1 јајце
– сусам (по желба, за посипување)
ПОСТАПКА:
1. Подготовка на квасецот: Во 50 мл млако млеко (одвоено од предвидените 300 мл) издробете го квасецот, додајте една лажица шеќер и промешајте. Оставете ја смесата да отстои 10 минути на топло место за да се активира квасецот.
2. Месење на тестото: Во сад за месење истурете го преостанатото млако млеко, додајте го маслиновото масло, солта, преостанатиот шеќер и активираниот квасец.
Постепено додавајте го брашното и мешајте со лажица или шпатула додека да се формира меко тесто кое не се лепи за садот. Покријте го тестото со чиста крпа и оставете го на топло место да нарасне 30–40 минути.
3. Формирање на лиснатото тесто: Нараснатото тесто поделете го на 5–6 еднакви топчиња. Секое топче раcукајте го во тенка кора, премачкајте го со омекнат маргарин и редете ги корите една врз друга.
Последната кора не ја премачкувајте со маргарин. Наслоеното тесто раcукајте го во правоаголна форма со
дебелина од околу 0,5 см.
4. Филување и обликување: Раcуканото тесто премачкајте го со здробеното фета-сирење. Преклопете го тестото на половина, оставајќи мал дел непрекриен, па тој дел вратете го назад и притиснете за да се залепи.
Исечете го тестото на ленти со ширина од околу 2 см. Секоја лента завртете ја неколку пати за да добиете спирален облик и наредете ги во плех обложен со хартија за печење.
Второ нараснување и премачкување: Оставете ги стапчињата да нараснат уште 15 минути. Потоа, премачкајте ги со разматено јајце и по желба посипете ги со сусам.
Сервирање: Послужете ги топли или на собна температура за максимално уживање.
#КрцкавиСтапчиња #EasySnacks #ГотвимеСоЉубов #FoodVideo4K #BakingLove
Повторяем попытку...
Доступные форматы для скачивания:
Скачать видео
-
Информация по загрузке: