Kokos ravanija | Hrana i Vino MKD
Автор: Hrana i Vino MKD
Загружено: 2018-02-07
Просмотров: 13038
Описание:
За кокосот како да важи едно непишано и по малку чудно правило – оние кои го сакаат го сакаат многу, оние кои не го сакаат не го сакаат воопшто. Ако спаѓате во првата група овој лесен и вкусен десерт набрзина ќе го направите и одлично ќе се наслатите.
Kokos ravanija
КОКОС РАВАНИЈА
3 јајца
200 г кокосово брашно
12 лажици шеќер
12 лажици брашно
12 лажици млеко
12 лажици масло за јадење
1 лажица какао
1 прашок за печиво
ЗА ШЕРБЕТ
400 г шеќер
600 мл вода
Потребно време за подготовка на овој десерт е 50–тина минути, не сметајќи го времето за ладење.
Во сад за матење ги кршиме јајцата и ги матиме со миксер. Го додаваме шеќерот и матиме со миксерот додека не се растопи. Потоа ги додаваме млекото, маслото, прашокот за печиво, брашното и кокосовото брашно. Мешаме со лажица додека смесата не се соедини.
Тркалезната тава бр 24 со готварска четка ја намрсуваме со масло и ја набрашнуваме. Во тавата нанесуваме 2/3 од подготвената смеса. Во преостанатата смеса во садот за матење го додаваме какаото и мешаме со лажица. И оваа смеса ја нанесуваме во тавата и благо промешуваме. Ја ставаме тавата во рерна. Печеме 30 минути на 200 степени и ја
вадиме од рерна. Оставаме раванијата да се излади.
Почнуваме со подготовка на шербетот. Во тенџере на оган ги ставаме водата и шеќерот. Откако шербетот ќе зоврие го тргаме тенџерето од оган. Со црпалка со топлиот шербет ја преливаме изладената раванија. Откако ќе го впие шербетот ја сечеме на парчиња.
На чинија за сервирање ставаме четири парчиња Кокос раванија. Декорираме со тенки парчиња бела чоколада и зелени шеќерни листови.
Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.
Hrana i Vino MKD
Subscribe for upcoming recipes:
/ @hranaivinomkd
Follow us:
Facebook: / hranaivino
Повторяем попытку...
Доступные форматы для скачивания:
Скачать видео
-
Информация по загрузке: