Brza torta od banani | Hrana i Vino MKD
Автор: Hrana i Vino MKD
Загружено: 2017-11-30
Просмотров: 5825
Описание:
Името кажува се во однос на подготовката и вкусот, ние ќе дополниме само дека има и лешници. А, во однос на формата и декорацијата бидете сигурни дека ќе им се допадне и на возрасните, а особено на децата. Значи за родендени или детски забави – како измислена.
Brza torta od banani
БРЗА ТОРТА ОД БАНАНИ
1 кг банани
250 г маргарин
250 г шеќер во прав
300 г мелени бисквити
350 г мелени лешници
100 г чоколада за готвење
½ лажица масло за јадење
400 мл слатка павлака
Потребно време за подготовка на овој десерт е 30–тина минути.
Во длабок сад ги ставаме маргаринот и шеќерот во прав, и матиме со миксер додека маргаринот не стане пенест. Бананите ги лупиме, ги сечкаме на кругови и ги додаваме во садот. Матиме со миксерот додека маргаринот и бананите не се соединат. Потоа ги додаваме мелените бисквити и 300 г мелени лешници. На крупната страна од рендето во садот рендаме 40 г од чоколадата за готвење. Мешаме со лажица додека смесата не се соедини. Ја нанесуваме на долниот дел од правоаголна кутија за торта и со раце ја обликуваме во форма на ролат со еден зашилен крај.
Во тенџере на оган ги ставаме маслото и преостанатата чоколада, искршена на парчиња. Мешаме со лажица и откако чоколадата ќе се растопи го тргаме тенџерето од оган. Со готварска четка со растопена чоколада го премачкуваме шпицот на зашилениот дел на ролатот. Потоа во должина од 10-тина см на зашилениот дел наросуваме со преостанатите мелени лешници.
Слатката павлака ја ставаме во длабок сад и матиме со миксер додека не ја добие потребната цврстина. Ја ставаме во слаткарска кеса и го прекриваме целиот рамен дел на ролатот.
Преостанатата растопена чоколада ја ставаме во фишек од хартија и ја декорираме Брзата торта од банини.
Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.
Subscribe for upcoming recipes:
/ @hranaivinomkd
Follow us:
Facebook: / hranaivino
Повторяем попытку...
Доступные форматы для скачивания:
Скачать видео
-
Информация по загрузке: