Kroasan torta | Hrana i Vino MKD
Автор: Hrana i Vino MKD
Загружено: 2017-12-04
Просмотров: 11843
Описание:
Кроасаните си се доволно вкусни и самите, затоа ретко кој не ги сака. А, на оваа торта од бисквити, ванила фил, еурокем, кроасанчиња и шлаг навистина не и треба фалење. Единствено ќе кажеме - колку што брзо се прави уште побрзо се јаде.
Kroasan torta
КРОАСАН ТОРТА
1 литар + 250 мл млеко
200 г шеќер
3 кесички прашок за пудинг од ванила
250 г маргарин
100 г чоколада за готвење
200 г бисквити
150 г кафен еурокрем
3 пакувања мали кроасани со чоколада
2 кесички прашок за шлаг
200 мл млеко
Потребно време за подготовка на овој десерт е 30–тина минути.
Во тенџере на оган ставаме 600 мл млеко и го додаваме шеќерот. Во сад со 400 мл млеко го додаваме прашокот за пудинг и мешаме со жица. Потоа непрекинато мешајќи со жицата го додаваме размешаниот пудинг во зовриеното млеко во тенџерето на оган. Откако пудингот ќе ја добие потребната густина го тргаме тенџерето од оган. Оставаме пудингот да се излади.
Чоколадата ја кршиме на парчиња и ја ставаме во тенџере на оган. Откако ќе се растопи го тргаме тенџерето од оган и оставаме чоколадата да се излади.
Во длабок сад со миксер го матиме маргаринот додека не стане пенест. Го додаваме изладениот пудинг и матиме со миксерот додека смесата не се соедини. Половина од смесата ставаме во друг длабок сад. Ја додаваме изладената растопена чоколада и матиме со миксерот додека филот не се соедини.
Бисквитите ги потопуваме во сад со преостанатите 250 мл млеко и ги редиме на послужавник. Ги премачкуваме со чоколадниот фил. Врз филот ги редиме кроасаните и го нанесуваме филот од ванила. Потоа го нанесуваме и еурокремот.
Во сад за матење ги ставаме прашокот за шлаг и 200 мл млеко. Матиме со миксер додека шлагот не ја добие потребната цврстина. Целата торта ја премачкуваме со шлаг. Преостанатиот шлаг го ставаме во слаткарска кеса и ги украсуваме краевите на горната површина на тортата. Декорираме со 5 кроасани и неколку чоколадни топчиња.
Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит
Hrana i Vino MKD
Subscribe for upcoming recipes:
/ @hranaivinomkd
Follow us:
Facebook: / hranaivino
Повторяем попытку...
Доступные форматы для скачивания:
Скачать видео
-
Информация по загрузке: