Sharena solena torta | Hrana i Vino MKD
Автор: Hrana i Vino MKD
Загружено: 2017-01-10
Просмотров: 8286
Описание:
ШАРЕНА СОЛЕНА ТОРТА
3 јајца
3 лажици брашно
800 г сирење
200 мл кисела павлака
150 г путер
150 г ореви
1 пакување тост кашкавал
3 варени, лупени јајца
3-4 лажици ајвар
2 врзопа магдонос
2 лажици сос од рен
3 чешниња лук
масло за јадење
Хималајска сол
Потребно време за подготовка на ова предјадење е 50 - тина минути.
Почнуваме со подготовка на кората. Јајцата ги кршиме и ги делиме белките од жолчките. Ги матиме белките со миксер додека не ја добијат потребната цврстина. Потоа со миксерот ги матиме и жолчките. Во садот ги додаваме изматените белки и брашното. Посолуваме и мешаме со жица додека смесата не се соедини. Тркалезниот калап бр 24 го намрсуваме со масло и го набрашнуваме. Ја нанесуваме подготвената смеса во калапот и го ставаме во рерна. Печеме 20 минути на 200 степени и го вадиме од рерна.
Почнуваме со подготовка на филот. На крупната страна од рендето во сад за матење го рендаме сирењето. Го додаваме путерот и матиме со миксер додека не се соединат. Оревите и чешнињата лук ситно ги сечкаме, и ги додаваме во садот. Потоа ја додаваме киселата павлака и матиме со миксерот додека смесата не се соедини. Ја делиме смесата во 4 сада. Во првиот сад го додаваме ајварот и мешаме со лажица. Магдоносот ситно го сечкаме. Го додаваме во вториот сад и промешуваме. Во третиот сад го додаваме сосот од рен и промешуваме. Варените јајца ги сечеме на половина. Ги вадиме жолчките и ги гмечиме со виљушка. Потоа ги додаваме во четвртиот сад со фил и промешуваме.
Изладената кора ја вадиме од калапот и ја сечеме на половина. Првата лента од кората ја ставаме на чинија за торта. Ја премачкуваме со филот со варени жолчки. Врз овој фил го нанесуваме филот со магдонос. Потоа го нанесуваме филот со рен. На крајот нанесуваме половина од филот со ајвар. Врз филовите ја ставаме втората лента од кората. Ја премачкуваме со преостанатиот фил со ајвар. Парчињата тост кашкавал ги сечеме на половина. Со парчињата тост кашкавал ги прекриваме крајот на горната површина и страничниот дел на тортата. На ситната страна од рендето врз тортата ги рендаме преостанатите белки од варените јајца. Украсуваме со гранчиња магдонос. Со по едно парче маслинка врз секое парче тост кашкавал ја завршуваме декорацијата на Шарената солена торта.
Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.
www.hranaivino.com.mk
www.hranaivino.tv
Повторяем попытку...
Доступные форматы для скачивания:
Скачать видео
-
Информация по загрузке: