Драган Мијалковски - Кажи нешто драга / Dragan Mijalkovski - Kaži nešto draga
Автор: Trpovski Ljubomir
Загружено: 2024-11-25
Просмотров: 794
Описание:
Емисија: МК ЗМ - КОЛАЖ 3
МК ЕГ (евергрини)
07 Драган Мијалковски - Кажи нешто драга
Скопски фестивал 1976
Победник од публиката
Музика: Ванчо Димитров
Текст: Ѓоко Георгиев
Аранжман: (најверојатно) Драган Ѓаконовски Шпато
Производство: МТВ / МРТ
Секој рефрен има своја приказна. Уметниците гордо раскажуваат за своите дела, особено ако успеале да создадат песна која го надживеала времето во кое е создадена
„КАЖИ НЕШТО ДРАГА“ (ДРАГАН МИЈАЛКОВСКИ)
Напишана е во 1976 година. Авторот Ванчо Димитров во една прилика откри дека мелодијата ја работел два-три месеци, а потоа го замолил Ѓоко Георгиев да му напише текст.
Му напоменав дека желба ми е песната да ја пее Драган Мијалковски, кој во тоа време беше најголемата македонска ѕвезда во Југославија. Му ја пеев десетина пати, Ѓоко слушаше внимателно и одеднаш му излета сега веќе познатиот хит: „Кажи нешто драга, па макар и лага“.. Другите стихови за песната беа релативно готови – откри композиторот.
Мијалковски ја отпеал истата година на Скопскиот фестивал и победил убедливо според гласовите од публиката.
Повторяем попытку...
Доступные форматы для скачивания:
Скачать видео
-
Информация по загрузке: