Solena pita so brokuli | Hrana i Vino MKD
Автор: Hrana i Vino MKD
Загружено: 2017-01-27
Просмотров: 2743
Описание:
ПИТА СО БРОКУЛИ
за 4 лица
250 г лиснато тесто
300 г брокула
200 г кругови шунка
200 г трапист сирење
3 јајца
200 мл кисела павлака
½ лажица оригано
масло за јадење
Хималајска сол
Потребно време за подготовка на ова предјадење е 50 -тина минути.
Во посолена зовриена вода во тенџере на оган ги обаруваме цветовите брокула. Со лажица решетка ги вадиме од тенџерето и ги ставаме на чинија.
На набрашнета работна маса од лиснатото тесто со сукалка развлекуваме кора. Ја ставаме во тркалезна керамичка тава за печење, намрсена со масло. Ги отсекуваме краевите на кората во висина на тавата. На повеќе места ја боцкаме кората со виљушка. Круговите шунка ги сечкаме на коцки и ги нанесуваме на кората во тавата. Врз шунката ги ставаме цветовите брокула. На крупната страна од рендето во тавата го рендаме трапист сирењето.
Во длабок сад кршиме две јајца и ги матиме со жица. Ги додаваме киселата павлака и ориганото, и мешаме со жицата додека смесата не се соедини. Со мешавината од јајца и павлака ја преливаме питата. Преостанатото јајце го кршиме во длабока чинија и го матиме со жицата. Ја преливаме питата и со изматеното јаце и ја ставаме тавата во рерна. Печеме 30 минути на 200 степени и ја вадиме од рерна. Откако малку ќе се излади ја вадиме питата од тавата и ја ставаме на чинија. Отсекуваме едно парче од Питата со брокули и декорираме со два шери домата.
Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.
www.hranaivino.com.mk
www.hranaivino.tv
Subscribe for upcoming recipes:
/ @hranaivinomkd
Follow us:
Facebook: / hranaivino
Повторяем попытку...
Доступные форматы для скачивания:
Скачать видео
-
Информация по загрузке: