Pita delikates | Hrana i Vino MKD
Автор: Hrana i Vino MKD
Загружено: 2017-01-28
Просмотров: 2471
Описание:
ПИТА “ДЕЛИКАТЕС“
за 4 лица
300 г кори за пита
500 г јунешко мелено месо
3 јајца
200 мл млеко
150 г фета сирење
190 г маргарин
100 мл газирана вода
1 главица кромид
2 лажици лебни трошки
1 ½ лажица брашно
1 ½ лажица мешан зачин К+
масло за јадење
Хималајска сол и црн пипер
Потребно време за подготовка на ова предјадење е 80 – тина минути.
Во тава на оган ставаме 50 г маргарин да се растопи и додаваме масло. Главицата кромид ситно ја сечкаме и ја пржиме на загреаната мрснотија. Во тавата со омекнатиот кромид го додаваме меленото месо и го ситниме со лажица. Посолуваме, наросуваме мелен црн пипер и додаваме 1 лажица мешан зачин К+. Откако месото ќе се испржи ја тргаме тавата од оган. Ги додаваме лебните трошки, јајцата и фета сирењето, и го мешаме филот со лажица.
Во тенџере на оган ставаме 70 г маргарин да се растопи. На загреаниот маргарин го пржиме брашното и мешаме со жица. Во тенџерето со испрженото брашно ги додаваме млекото и преостанатиот мешан зачин. Откако бешамел сосот ќе ја добие потребната густина го тргаме тенџерето од оган.
Во друго тенџере на оган ги топиме преостанатите 70 г маргарин и го тргаме тенџерето од оган.
Правоаголната тава за печење бр 32 ја намрсуваме со растопен маргарин. Ставаме една кора и ја свиткуваме во големина на тавата. Со готварска четка ја намрсуваме со растопен маргарин и ја попрскуваме со газирана вода. Потоа во тавата ставаме уште 2 свиткани, намрсени и со газирана вода попрскани кори. На третата кора нанесуваме половина од филот од мелено месо. Врз филот нанесуваме половина од бешамел сосот. Прекриваме со две кори попрскани со маргарин и газирана вода, и го нанесуваме преостанатиот фил. Врз филот го нанесуваме преостанатиот бешамел сос. Го прекриваме со една кора попрскана со маргарин и газирана вода. Во тавата ја ставаме последната кора и ја премачкуваме со преостанатиот растопен маргарин. Ја ставаме тавата во рерна. Печеме 45 минути на 180 степени и ја вадиме од рерна. Подизладената пита ја сечеме на правоаголни парчиња.
На чинија за сервирање ставаме две парчиња Пита “Деликатес“. Декорираме со два листа марула и две кришки домат.
Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.
www.hranaivino.com.mk
www.hranaivino.tv
Subscribe for upcoming recipes:
/ @hranaivinomkd
Follow us:
Facebook: / hranaivino
Повторяем попытку...
Доступные форматы для скачивания:
Скачать видео
-
Информация по загрузке: