Novosadska Pita | Hrana i Vino MKD
Автор: Hrana i Vino MKD
Загружено: 2017-03-07
Просмотров: 7417
Описание:
НОВОСАДСКА ПИТА
500 гр кори за пита
4 јајца
500 гр младо кравјо сирење
200 мл млеко
200 мл кисела вода
масло за јадење
сол и црн пипер
Потребно време за подготовка на ова предјадење е 40 - тина минути.
Во поголем длабок сад го ставаме сирењето и го дробиме со вилушка. Пет кори ги свиткуваме во големина на тавата за печење и ги ставаме во намрснетата тава. Врз корите нанесуваме половина од издробеното сирење. Во тавата ставаме ставаме уште 5 кори свиткани во големина на тавата. Врз нив го нанесуваме преостанатото сирење. Во тавата ги нанесуваме и преостанатите 5 кори. Ја сечеме питата на парчиња. Ја попрскуваме со масло за јадење на местата каде се исечени парчињата.
Во поголем длабок сад ги ставаме млекото, киселата вода и јајцата и мешаме со жица за матење. Со црпалка со мешавината од јајца и млеко ја преливаме питата во тавата. Питата уште еднаш ја попрскуваме со масло за јадење. Вака подготвената пита ја оставаме еден ден да отстои во фрижидер. Ја вадиме тавата од фрижидер и ја ставаме во рерна. Питата ја печеме 20- тина минути на температура од 230 степени. Испечената пита ја сечеме на парчиња на претходно засечените места. Парчињата пита ги вадиме од тавата и ги ставаме на чинија за сервирање. Украсуваме со павлака на средината на чинијата и гранчиња магдонос врз павлаката.
Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино Ризлинг со кристална светложолта боја и свежа цитрусно цветна арома со медени нијанси. Вкусот е овошен, има лесно тело со карактеристична свежина и долг и сув финиш.
Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.
www.hranaivino.com.mk
www.hranaivino.tv
Subscribe for upcoming recipes:
/ @hranaivinomkd
Follow us:
Facebook: / hranaivino
Повторяем попытку...
Доступные форматы для скачивания:
Скачать видео
-
Информация по загрузке: