Вардар се "искуба" со пенал
Автор: Durgutov
Загружено: 2026-03-14
Просмотров: 823
Описание:
Вардар - Брера 1 - 0 (0 - 0)
23 коло ПМФЛ
Со гол од пенал во судиското продолжение (90+6 минута) на кое му претходеше VAR ситуација, Вардар нанижа нови три бода за задржување на лидерската позиција.
Главниот судија Стојанче Трпчевски, по ударот на нововлезениот Един Спахиу кон голот на Брера и блокот на одбранбениот фудбалер на гостите, нововлезениот Андреј Велков, по кое топката заврши надвор од теренот, првично покажа кон аголот од каде Вардар треба да изведе корнер. Но, по интервенција од VAR собата, Трпчевски одлучи да оди и да гледа VAR. По гледање на забавената снимка и неговото толкување, неговата конечна одлука беше пенал за Вардар.
Ударот од белата точка за вардарци го изведе и успешно го реализира Горан Закариќ.
Повторяем попытку...
Доступные форматы для скачивания:
Скачать видео
-
Информация по загрузке: