(11) ПРЕСИНГ: Отворено со ШАБАН ТРСТЕНА – Најтрофејниот македонски спортист на сите времиња
Автор: PRESING
Загружено: 2025-11-30
Просмотров: 1073
Описание:
🎥 ЕПИЗОДА 11 ОД СПОРТСКИОТ ПОДКАСТ НА ЕКИПА - „ПРЕСИНГ“ – СО ОЛИМПИСКИОТ ШАМПИОН ШАБАН ТРСТЕНА, НАЈТРОФЕЈНИОТ МАКЕДОНСКИ СПОРТИСТ НА СИТЕ ВРЕМИЊА
📍 💬 Во единаесеттата епизода на ПРЕСИНГ првпат со нас најтрофејниот македонски спорстист на сите времиња – легендарниот ШАБАН ТРСТЕНА. Олимпискиот шампион од ЛОИ 1984 во Лос Анѓелес и олимписки вицешампион од ЛОИ 1988 во Сеул, освојувач на вкупно 19 медали од олимписки, светски и европски првенства, и Спортист на Југославија за 1984 година и седум пати прогласуван за Спортист на Македонија во историјата
📍 💬 ОТВОРЕН РАЗГОВОР ЗА НЕГОВИОТ ЖИВОТ – КАКО ДЕТЕ ОД ЕДНО СИРОМАШНО СЕМЕЈСТВО ОД СКОПЈЕ ДОЈДЕ ДО ОЛИМПИСКИОТ ВРВ НА САМО 19 ГОДИНИ, ОСТАНУВАЈЌИ И ДЕНЕС ПОСЛЕ 42 ГОДИНИ СЕ УШТЕ НАЈМЛАД ОСВОЈУВАЧ НА ОЛИМПИСКО ЗЛАТО ВО БОРЕЊЕ ‼️‼️‼️
=============================================
Заследи го нашиот Јутјуб-канал за сите следни епизоди! ===========================================
🗣️🗣️🗣️ РАЗГОВОРИ ЗА...
• Какво е чувството и после речиси 42 години, се уште да го држи рекордот за најмлад освојувач на златен медал во борење на Олимписки игри
• За неговото детство, за идолот Мохамед Али кој бил негова „водач-мотиватор“ на патот до успесите
• Макотрпниот пат на едно детенце, во сиромашно семејство со вкупно девет деца, кое живеејќи го сонот успеа да дојде до спортските височини
• За забраната од неговиот татко да спортува, тајното тренирање, и на крај емотивната приказна за помирувањето со неговиот татко по освоениот златен медал во Лос Анѓелес 1984
• Како на само 17 година стигна до бронзата на Светското првенство во Канада, а потоа на само 19 години стана најмлад освојувач во историјата на златен медал на Олимписки игри
• Македонија на ЛОИ 1984 во Лос Анѓелес имаше дури пет спортисти со освоен медал. На едни олимписки игри со пет медали, а потоа цели 35 години во независноста со само два освоени медали
• Каде погрешивме потоа, зошто спортовите кои ни носеа успеси како борењето и боксот сега ги загубивме?
• За освоеното признание – Спортист на Југославија во 1984 година. Единствен спортист од Македонија, заедно со Шабан Сеидиу, кои биле прогласени за спортисти на Југославија во историјата
• Македонија, федерациите и спортистите сега имаат далеку подобри услови од оние неговите за работа, има многу повеќе финансиски средства кои ги добиваат од Министерството за спорт и од општините, но вистинските резултати изостануваат
• Како дојде до идеја да доделува „Златни олимписки оскари“ на спортски работници, медиуми и спортисти
• За изработката на сопствената биографија „Патот на олимпискиот шампион“
==============================================
Заследете нѐ и на:
👉 Web ekipa.mk
👉 Facebook facebook.com/ekipa.mkd
👉 Facebook facebook.com/redakcijaekipa.mk
👉 Instagram instagram.com/ekipa.mk
==============================================
Повторяем попытку...
Доступные форматы для скачивания:
Скачать видео
-
Информация по загрузке: