КУД Илинден Битола - Велигденски концерт „Христос Воскресе – Навистина Воскресе“ 2025 година
Автор: KUD Ilinden Bitola
Загружено: 2025-05-06
Просмотров: 3322
Описание:
CAS Ilinden Bitola - Concert 2025
00:00 Воведно видео
01:50 Нарација за празникот Коледе
04:35 „Коледарски игри“ (2012)
Кореографска постановка во која се обработени детски обредни игри и песни кои се изведувале за време на христијанскиот празник Коледе, со кои го најавувале Христовото раѓање.
Автори: Александар Стефановски и Ристо Трајковски – Пупучот
09:30 Нарација за празникот Божиќ
11:20 Каланда „Христос се раѓат, на светот радост“
Божиќна каланда која потекнува од широките балкански простори од времето на Ромејското Царство, Византија и се пеела меѓу мијачкото население.
16:10 Нарација за „Некрстени денови“
17:46 „Русалиски игри“ (2012)
Сценска адаптација во која се изведуваат русалиски игри, карактеристични за селото Секирник (Струмичко), кои биле донесени од населението познато како Бежанци, кое потекнува од Кукушко, Егејска Македонија. Овие обредни игри се изведувале за време на „Некрстените денови“.
Автор: М-р Валентин Соклевски
27:55 Нарација за празникот Водици
29:40 „Добре ни дојде Свети Јоване“ (2021)
Сценска адаптација во која се претставени обредни песни и ора кои се изведуваат за празникот Водици во етничкиот предел Долна Река, поточно во селата Битуше, Ростуше, Велебрдо и Требиште. Карактеристично за овој регион е одбележувањето на „Женски Водици“.
Автор: Филип Јаковлевски
40:35 „Амкање“
Обред кој се изведува за празникот Прочка. Вистинската смисла на овој обичај е дека пред велигденскиот пост, на последното јадење, запостуваме и ја затвораме устата со бело јајце и потоа, на Велигден ја отвораме и замрсуваме со црвено јајце.
43:16 „Прилепски мечкари“ - Гости на концертот
46:38 Нарација за празникот Прочка и „Чист понеделник“
48:04 „Мариовска тресеница“ (1983)
Женска игра со потекло од Мариово, која е инспирирана од обичаите што ги вршеле жените на празникот „Чист понеделник“, кога започнуваат велигденските пости и се чистела целата куќа.
Автор: Јонче Христовски
Музичка обработка: Ѓорѓи Димчевски
Поставила на сцена: Деса Ефтимова
54:22 Нарација за празникот Лазарова сабота
55:11 „Буковски лазарки“ (Премиера)
Сценска адаптација во која се претставени женски поворки за празникот Лазарова сабота, кои до ден денес постојат во селото Буково. Овие поворки ги сочинуваат немажени девојки, кои пеат песни за невеста, домаќин, девојка, мали деца за што добиваат дарови.
Автор: Младен Коминовски
1:00:27 Нарација за празникот Велигден
1:01:28 песна „Се собрале девојке“
Народна песна за празникот Велигден
1:03:54 Нарација за празникот Велигден во селото Ума
1:04:31 „Мегленски власи“ (2024)
Сценска адаптација во која се изведуваат традиционални песни и ора од селото Ума, каде живеат мегленски власи.
Автор: Д-р Владимир Јаневски
1:09:08 Нарација за празникот Ѓурѓовден
1:10:16 „Ѓурѓовден“ (1992)
Сплет на песни и игри од Западна Македонија, поврзани со најголемиот пролетен празник Ѓурѓовден. Во кореографијата се обработени ората Скудринка, Повратешко и Џангурица, како и песните „Ѓурѓовден е, Велигден е“, „Ни прела гора, ни ткала“ и “Од гранка на гранка“.
Поставил на сцена: М-р Валентин Соклевски
Повторяем попытку...
Доступные форматы для скачивания:
Скачать видео
-
Информация по загрузке: