Dave's Kitchen - Вкусна летна пита со домати и кисела павлака
Автор: Daves Kitchen
Загружено: 2020-08-06
Просмотров: 8685
Описание:
Пазарите се преполни со свежи зеленчуци, а од сите нив јас најмногу го издвојувам доматот.
Денеска за вас подготвив брза пита со домати која не само што се подготвува лесно, туку е и одлична на вкус.
Она што ја прави посебна оваа пита, е прекрасниот фил од кисела павлака и млад кромид кој се наоѓа под доматите во тестото.
Брзо, лесно и многу вкусно! Ајде да ви покажам како да ја подготвите!
Потребни состојки:
За тестото:
200 брашно
120 г студен путер
½ лажичка сол
2-3 лажици студена вода
За филот:
4 лажици кисела павлака
½ пиперка исечкана ситно
1 младо кромидче ситно исечкано
1 чешне лук, ситно исечкано
2 лажици свежо исечкан магдонос
сол и мелен црн пипер по вкус
70-100 г изрендан кашкавал
2 домати, пресечени на кругови
1 јајце, лесно изматено за премачкување
Најпрво потребно е да го подготвиме тестото за оваа пита.
Во длабок сад ставете го брашното, солта и путерот, исечкан на коцки.
Со дланките втријувајте го путерот, додека не добиете смеса која наликува на песок. Во тој момент додајте ја студената вода и оформете мазно тесто.
Оформеното тесто ставете го на парче хартија за печење, израмнете го во округла форма и превиткајте го. Оставете го во ладилник да се стврне околу 15-20 минути.
За тоа време подгответе го филот.
Во длабок сад ставете ја киселата павлака, ситно исечканата пиперка, младото кромидче, ситно исечкано, лукчето, свежо исечканиот босилек и зачинете со сол и мелен црн пипер по вкус. Додајте го и изренданиот кашкавал и промешајте додека не добиете изедначена смеса и оставете го на страна.
Парчето тесто расукајте го во округла форма дебела околу ½ цм.
Во средишниот дел ставете го филот и добро распределете го низ средишниот дел на кората, оставајќи 3-4 цм простор од крајот на кората.
Доматите исечкајте ги на кругови и наредете ги врз филот во средишниот дел на кората.
Внимателно превиткајте ги краевите за да го формирате галетот. Вака формираниот галет ставете го во ладилник околу 20-30 минути, а за тоа време загрејте ја рерната на 190 степени. Печете додека не добие убава и златно-кафена боја, околу 20-25 минути.
Кога ќе се испече, оставете да се излади околу 20 минути и сервирајте.
Се надевам дека овој рецепт ви се допадна и ќе го подготвите и Вие што поскоро. Доматите се во својата сезона, па ова еден од подобрите начини за тоа како да ги искористите.
Ги очекувам Вашите фотографии на Facebook и Instagram, а вие не заборавајте да ставите Subscribe на мојот YouTube канал за повеќе видео рецепти во иднина.
Имајте забавно готвење, а ние се гледаме наскоро со ново видео!
Повторяем попытку...
Доступные форматы для скачивания:
Скачать видео
-
Информация по загрузке: