Прва претстава во Дом на култура Илинден
Автор: Општина Илинден
Загружено: 2012-12-06
Просмотров: 511
Описание:
Ликовна изложба и хумористична претстава беа првите културно-уметнички настани што се случија во новоизградениот Дом на култура „Илинден", во Општина Илинден.
Активностите во Домот на култура што пред дваесеттина дена беше свечено предаден во употреба, стартуваа со отворањето на изложбата со наслов ,,Божествена љубов'', на академскиот уметник Новица Трајковски.
На изложбата на која присуствуваше и градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски, беа претставени педесетина дела на Трајковски, кој е роден и живее во Општина Илинден, па оттука и најновите теми во неговото творештво се поврзани токму со неговото родно место. Воведен збор за изложбата и творештвото на Трајковски даде познатиот писател Ефтим Клетников.
По отворањето на изложбата во салата за кинопроекци и театарски претстави се одржа хумористична претстава во која настапија Ванчо Петрушевски, Гоце Тодоровски, Емин Унџел и Ѓокица Лукаревски, кои до солзи ги насмеаја присутните.
Повторяем попытку...
Доступные форматы для скачивания:
Скачать видео
-
Информация по загрузке: