Zoran Dzorlev - Ilija Manaskov: Bolen mi lezi Mile Pop Jordanov (na gitara)
Автор: Dzorlev - TV Shows
Загружено: 2009-12-26
Просмотров: 10596
Описание:
Илија Манасков од Велес на гитара ја изведува убавата песна „Болен ми лижи Миле Поп Јорданов"
Миле Поп Јорданов или Миле Попјорданов (1877-1902) е роден во велешката фамилија Поп Јорданови, фамилија на видни револуционери и претставници на македонската авангарда. Тој бил најстариот син на трговецот Ѓошо и Султана Поп Јорданови. Од неговото семејство со значајни револуционерни дела и подвизи се истакнуваат и неговите браќа гемиџијата Јордан Поп Јорданов-Орцето и Петар Поп Јорданов.
По желба на својот татко се школувал во битолската неполна машка гимназија и Духовната семинарија во Цариград за да биде за свештеник. Но поради своите напредни идеи, спротивставувањето и револуционерната активност, Миле бил исклучен од обете образовни институции по што се посветил на учителскиот позив. Набргу потота целосно се оддава на револуционерната дејност и активно работи за интересите на револуционерното движење за слободна Македонија. Како активист во револуционерната организација, се вклучил во реонската чета која дејствувала во Радовишко. Бил секретар при четата на Алексо Поројлијата. Поради арамискиот нарав, војводата Алексо бил сменет а војводскиот чин во таа чета Гоце Делчев му го дал на Милан Поп Јорданов. Загинал под трагични околности како жртва на непријателска заседа во близина на родниот град во 1902 година. Имено не сакајќи жив да падне во рацете на непријателот се самоубива.
Во негова чест е испеана оваа убава македонска народна песна „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов" која општината Велес ја прогласи за официјална химна на град Велес.
Болен ми лежи Миле Поп Јорданов
Болен ми лежи Миле Поп Јорданов. (x2)
На глава му стои стара му мајка,
жално го жали, милно го плачи. (x2)
Стани ми, стани, мое мило чедо, (x2)
твојте другари по сокаци одат,
жални песни пеат, тебе те спомнуват. (x2)
Бог да го прости Миле Поп Јорданов. (x2)
Миле Поп Јорданов за народ загина,
за народ загина, за Македонија. (x2)
Неговите сестри в' црно облечени, (x2)
свадба ќе прават, брата ќе женат,
брата ќе женат за Македонија. (x2)
Неговата мајка в' црно облечена, (x2)
свадба ќе прави, сина ќе жени,
сина ќе жени за Македонија. (x2)
Повторяем попытку...
Доступные форматы для скачивания:
Скачать видео
-
Информация по загрузке: