ПОТКАСТ „Со Ана на Ти“ | Петар Младеновски: Културната едукација на децата денес е на последно место
Автор: Слободен Печат ТВ / Sloboden Pecat TV
Загружено: 2025-04-25
Просмотров: 1129
Описание:
🎙️ „Со Ана на ТИ“ е женски поткаст кој ќе ви пренесе нераскажани, лични приказни на луѓе кои оставиле уникатен личен и професионален печат во културата, уметноста, забавата и градскиот живот кај нас. Ќе зборуваме за првите љубови, болки, борби, падови и успеси кои сите нѐ прават луѓе.
🎤 Во деветтото издание на поткастот „Со Ана на ТИ“ наш гостин е Петар Младеновски – Пеце, фронтменот на култниот скопски бенд „Суперхикс“, со кој минатата година прославија 30 години од нивното основање. Пеце покрај тоа што е успешен музичар, басист и вокалист, тој е дипломиран професор по руски јазик и книжевност, професија со која за жал не се занимавал никогаш во животот. Тој е и реализиран сопруг и татко, посветен на своето семејство и вечен поборник за валидација и развој на културата, уметноста и вистинските општествени вредности. Со Пеце зборувавме за неговото детство, образование, булингот, влијанието на новата технологија и социјалните мрежи врз новите генерации и уште многу интересни теми со кои направивме паралела на животот пред триесетина години и сега.
▶️ Секој петок во 20 часот следете „Со Ана на ТИ“!
_____
содржина:
00:00 - За детството и што сакал да биде кога ќе порасне
05:35 - За формалното образование
08:45 - За правилна употреба на македонскиот јазик и користење на англизми и модерна технологија кај новите генерации
11:31 - За средното училиште и формирањето на бендот „Суперхикс“
15:11 - Служење воен рок во клиничкиот центар
18:04 - За дипломирањето на Филолошкиот факултет на катедрата за руски јазик и книжевност
20:00 - За работата и љубовта кон радиото
22:31 - Дали е носталгичар и за животот во „неговото време“
29:23 - За булингот и компетентноста на сите кои влијаат на оформување на јавно мислење
35:55 - За трагедијата во Кочани и работата на клубовите денес
38:46 - Искуството кога ги привела полиција со членовите на бендот
41:10 - За почетоците во музиката, првата бас гитара
45:00 - За тешките моменти во животот
48:12 - За родителството и каков татко е Пеце
58:07 - За турбофолкот и музиката која ја слушаат новите генерации
01:03:44 - За медиумите и следните планови со бендовите
_____
❤️ Заследи го нашиот Јутјуб канал за сите следни епизоди!
👁️ Следи ги сите најнови вести од #🇲🇰 и #🌎 на нашиот и ваш портал
🔗 www.slobodenpecat.mk 🌐
👇 Заследи нѐ и на:
👉 Фејсбук / slobodenpecat
👉 Инстаграм: / slobodenpecat
👉 Тикток: / slobodenpecat.mk
👉 Икс: / sloboden_pecat
#slobodenpecat
Повторяем попытку...
Доступные форматы для скачивания:
Скачать видео
-
Информация по загрузке: