Отчет Јован Пејковски
Автор: jovan pejkovski
Загружено: 2021-10-02
Просмотров: 827
Описание:
Почитувани сограѓани,
Како резултат на добрата соработка со Вас, во текот на 2009 до 2021 година општината Чучер Сандево реализираше многубројни проекти во сите сфери на општественото живеење.
Градевме улици, тротоари, канализација, водовод , градинка како и реновирање на двете основни училишта ООУ „Александар Урдаревски“ с. Сандево , ООУ „Кирил и Методиј“ с. Кучевиште спортската сала и подрачното училиште во с. Побожје.
Особено сум горд на реконструирање на улицата Александар Урдаревски од с. Горно Оризари до с. Мирковци (Чардак) .
Во изминативе 12 години работев транспарентно, напорно и посветено. Плод на таквата посветеност и работа се многубројните реализирани проекти во општина Чучер Сандево, во различни области кои го подобрија животот на граѓаните.
1. КАНАЛИЗАЦИОНА МРЕЖА
Во населените места:
Бразда, Глуво, Чучер Сандево, Бањани, Мирковци, Кучевиште и Побожје
Вкупно изградена канализациона мрежа 43 км.
2. ВОДОВОДНА МРЕЖА
Во населените места:
Блаце, Кучевиште и Побожје, извор Дуло до резервоар Глуво, Голиево.
Вкупно изградена водоводна мрежа 46 км.
3. ПАТНА ИНФРАСТРУКТУРА
Во населените места:
Индустриска зона „Стенковец“, Стар качаначки пат, „Гранит“ до „Максима“ индустриска зона Веизбегово, Бразда, Глуво, Чучер Сандево, Бањани, Горњани, Блаце, Мирковци, Кучевиште и Побожје.
Вкупно асфалтирани улици 51 км.
4. Заеднички проекти помеѓу Владата и општината се:
Асфалтирање на патот од Стенковец (регионален пат) до с. Побожје.
Во прилог на сето оваа со внимание и задоволство може да ја проследите видео презентацијата/галеријата со слики на сите наши прекрасни села, долини и планини за самите да се уверите во вистината која што јас со мојот тим и подршка од сите Вас успеав за овие 12 години да реализирам се што ветив.
Воедно од видео прилогот секое населено место знае засебе, знае колку тоа убаво, чисто и уредено на начин кој што доликува и личи на едно прекрасно урбано место во кое што со задоволство секој посакува веќе да живее а вие сте и самите доказ за тоа дека немате потреба од ништо повеќе поради тоа што имаме се а можеме и уште повеќе да направиме за сите нас и уште поубаво да живееме во оваа наше прекрасно катче.
Со ова сакам да упатам голем апел до сите оние што немислат како нас, да размислат овој пат многу подлабоко и посериозно, повторно да не направат грешка да не ја дадат подршката за тимот кој посветно работи, макотрпно без застој и кој што јасно се гледа дека само со работа и труд може да се направи се, со искреност и почит еден кон друг а не со раскол, неединство и расипничко недомаќинско работење.
Затоа апелот од сите три мандати е јасен до секој жител на Чучер Сандево независно дали е Србин, Македонец или Албанец дека само со поштено работење и искрени намери може да направиме подобро утре за сите нас.
Повторяем попытку...
Доступные форматы для скачивания:
Скачать видео
-
Информация по загрузке: