360 degrees season 12, show 01 - Интервју со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски
Автор: 360 Stepeni
Загружено: 2025-09-15
Просмотров: 8939
Описание:
Broadcasted on September 15, 2025 (Monday) on MRT1 at 21.00.
Во првото издание од новата сезона на емисијата „360 степени“ гостува министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тема е пожарот во објектот за електронски отпад во Трубарево, досегашните сознанија на полицијата, наводите на премиерот дека „вакви подметнувања и диверзии ќе има и во периодот што следува, затоа што има центри на моќ во државата, но и надвор, коишто не сакаат оваа влада да успее“, како и тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека зад пожарот стои „злосторничкото здружение СДС-ДУИ“.
Разговараме и за проектот „Безбеден град” и „Безбедна држава”. Прашуваме дали ќе се воведе конфискување возила за потешки сообраќајни инциденти. Тема е и објавата дека Панче Тошковски ќе магистрира на Правниот факултет при УКИМ со труд што се однесува токму на ова прашање. Разговараме и за: случајот со испитниот центар за возачки испити во Битола, кој му беше доделен на функционер на ВМРО-ДПМНЕ од Кичево; тендерот за набавка на униформи за специјалците кој го следеа контроверзии; набавката на 120 возила „пежо 408“ за МВР.
Повторяем попытку...
Доступные форматы для скачивания:
Скачать видео
-
Информация по загрузке: