Прва МФЛ сезона 1998/99
Автор: Македонски Фудбал
Загружено: 2024-01-27
Просмотров: 2607
Описание:
Сезона 1998–99 беше 7-ма сезона од Првата фудбалска лига на Македонија, највисоката фудбалска лига на Македонија. Првите натпревари во сезоната беа одиграни на 9 август 1998 година, а последните на 29 мај 1999 година. Силекс беше бранител на титулата, откако ја освои својата трета титула по ред. Шампионите од 1998-99 година беа Слога Југомагнат кои ја освоија својата прва титула.
Екипи учесници: Балкан БИСИ (Скопје-стадион Чаир), Борец МХК (Велес-градски стадион Велес), Цементарница 55 (Скопје-стадион Цементарница), Македонија Асиба (Скопје-стадион Ѓорче Петров), Осогово (Кочани-стадион Никола Мантов), Пелистер (Битола-стадион Тумбе Кафе), Победа (Прилеп-стадион Гоце Делчев), Работнички Кометал (Скопје-градски стадион Скопје), Саса (Македонска Каменица-градски стадион Македонска Каменица), Силекс (Кратово-стадион Силекс), Скопје (Скопје-стадион Железарница), Слога Југомагнат (Скопје-стадион Чаир), Тиквеш (Кавадарци-градски стадион Кавадарци), Вардар (Скопје-градски стадион Скопје).
Најдобар стрелец: Оливеира - Победа со 22 гола. Најголема победа: Силекс - Балкан 7-1.
Победа од Прилеп ги добила сите 13 натпревари на домашен терен, со гол разлика 40:5.
Слога Југомагнат е со најмногу победи во сезоната, вкупно 19.
Табела и резултати по кола: https://www.rsssf.org/tablesf/fyrom99...
Повторяем попытку...
Доступные форматы для скачивания:
Скачать видео
-
Информация по загрузке: