Скопје го доби првиот панорамски автобус
Автор: makedonija24
Загружено: 2011-08-24
Просмотров: 1784
Описание:
"Скопје по примерот на големите светски метрополи доби двокатен автобус со отворен покрив за туристичко разгледување на градот.
Тој пристигна во последната пратка од вкупно 67 обични даблдекери кои во редовна линија ќе почнат да возат од 6 септември.
Автобусот ќе се покрива со жолта церада само кога времето ќе биде врнежливо, додека пак во убавите сончеви денови патниците на вториот кат ќе можат комплетно да уживаат во глетката.
Најверојатно, со првиот двокатен панорамски автобус ќе управува една од возачките на ЈСП, која заедно со уште неколку нејзини колеги во моментов има обука од експерти од Кина.
Предвидено е во неработните сончеви денови овој автобус да прави тури до скопските излетнички места Матка и Водно.
Овој панорамски автобус е само дел од проектот за осовременување на јавниот превоз во нашиот главен град."
Повторяем попытку...
Доступные форматы для скачивания:
Скачать видео
-
Информация по загрузке: