„Силјан штркот“ во Трилинг
Автор: Triling
Загружено: 2026-01-16
Просмотров: 4
Описание: ➡Инспирацијата почна пред три години. Мене на некој начин штрковите цел живот ми биле инспирација, бидејќи имам пораснато со нив во село кај баби и дедовци каде што сум растела. И бидејќи имав и симбол штрк во филмот „Човек против јато“, чиешто снимање се одложуваше, решив да почнам со истражување на тема штркови, за да сфатам малку повеќе логистички како да пристапиме на снимање на штркови, бидејќи навистина голем предизвик“ вели за Трилинг режисерката на филмот „Приказната за Силјан“, Тамара Котевска. ➡ Овој филм не требаше никогаш ниту да постои. Немаше финансии за да постои. На некој начин беше повеќе некое пополнување на време чекајќи да се случи друг филм, така што се што се случи со овој филм е навистина едно чудо и една огромна потврда за нашиот труд, талент и капацитет како една мала екипа и пред сѐ за мојата интуиција - дека одам во права насока и ги наоѓам правите приказни. ➡ Последен пат кога се случи власта да дојде на филм, беше на „Медена земја“ пред шест години. Добро е и значи кога врвот на државата ќе покаже интерес за она што се случува во културата. Тоа значи дека се случил многу силен бран со овој филм кој не може да ги остави рамнодушни, бидејќи зборува и за негативните и позитивните работи во земјата. Верувам дека филмот ќе допре и ќе направи некакви промени, и во културата, но и во земјоделието кај нас. ➡ Ние сме земја која што историски и традиционално има сериозни корени во заедништвото. Ние не сме прозападна и индивидуалистичка земја и ние тука треба да ја бараме силата, вели Котевска.
Повторяем попытку...
Доступные форматы для скачивания:
Скачать видео
-
Информация по загрузке: