Tulumbi | Hrana i Vino MKD
Автор: Hrana i Vino MKD
Загружено: 2018-01-30
Просмотров: 90584
Описание:
Добро познат ориентален рецепт секогаш актуелен, особено за љубителите на многу благи десерти. Единствената мајсторија е добро да ги испржите за да имаат убава румена боја и да ги ставате во потполно изладен шербет за да бидат крцкави од надвор, а меки и наполнети со шербет внатре.
Tulumbi
ТУЛУМБИ
10 јајца
500 г брашно
450 мл вода
1 литар + 50 мл масло за јадење
ЗА ШЕРБЕТ
1,2 кг г шеќер
1 литар вода
Потребно време за подготовка на овој десерт е 60- тина минути,и истото ќе ве чини околу 140 денари.
Почнуваме со подготовка на шербетот. Во тенџере на оган ги ставаме водата и шеќерот. Вариме 10-тина минути, го тргаме тенџерето од оган и оставаме шербетот да се излади.
Во друго тенџере на оган ги ставаме водата и 50 мл масло. Откако ќе зовријат го додаваме брашното и непрекинато мешаме со лажица додека тестото не почне да се одделува од тенџерето. Го тргаме тенџерето од оган и оставаме тестото да се излади. Го вадиме од тенџерето и го ставаме на работна маса. Наросуваме со брашно и го месиме тестото со раце. Потоа го ставаме во сад за матење. Го матиме со миксер и едно по едно ги додаваме јајцата. Откако тестото ќе се соедини го ставаме во слаткарска кеса. Ги формираме тулумбите, ги сечеме со ножици потопени во масло и ги ставаме во тенџере со 1 литар масло. Го ставаме тенџерето на оган и ги превртуваме тулумбите за време на пржењето. Поруменетите тулумби со лажица решетка ги вадиме од тенџерето со маслото и ги ставаме во тенџерето со изладениот шербет. Откако ќе впијат од шербетот со лажицата решетка ги вадиме тулумбите од тенџерето и ги редиме на чинија за сервирање.
Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.
Hrana i Vino MKD
Subscribe for upcoming recipes:
/ @hranaivinomkd
Follow us:
Facebook: / hranaivino
Повторяем попытку...
Доступные форматы для скачивания:
Скачать видео
-
Информация по загрузке: