ИЦЕДА – Онлајн информативна сесија за грантова шема 10.09.2020
Автор: fmetamorphosis
Загружено: 2020-09-10
Просмотров: 104
Описание:
Во рамки на проектот “Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ICEDA” кој е ко-финансиран од Европската Унија и се спроведува во 6 држави (Северна Македонија, Србија, Косово, Црна Гора, Албанија и Естонија), Фондација Метаморфозис организираше онлајн информативна сесија во форма на вебинар за потенцијални апликанти на Повикот за апликации за грантови за граѓански организации (https://cutt.ly/qfTS68T).
Сесијата се одржа на 10.09.2020 година (четврток) во 10:00 часот на ZOOM платформата со времетраење од 1 час и половина, и на истата присуствуваа над 60 заинтересирани учесници. Сесијата се состоеше од кратко претставување на проектот, Дигиталната агенда, Повикот, и одговарање на поставените прашања во врска со Повикот.
Сесијата се одвиваше на македонски јазик и снимката од истата може да ја проследите со ова видео.
Сите заинтересирани потенцијални апликанти се поканети своите прашања во врска со Повикот да ги испратат писмено на [email protected] до 15.09.2020.
Проектот „Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ИЦЕДА“ е кофинансиран од Европската унија и го спроведуваат Фондација Метаморфозис, Отворени податоци Косово (ODK), Академија за е-владеење (eGA), Центар за истражување, транспарентност и отчетност – CRTA, Lëvizja MJAFT, НВО 35 MM.
Повторяем попытку...
Доступные форматы для скачивания:
Скачать видео
-
Информация по загрузке: