Polneti kremenadli vo sos od pivo | Hrana i Vino MKD
Автор: Hrana i Vino MKD
Загружено: 2017-08-18
Просмотров: 2201
Описание:
ПОЛНЕТИ КРЕМЕНАДЛИ ВО СОС ОД ПИВО
за 4 лица
4 подебели свински кременадли
300 мл пиво
200 г кисели краставички
150 г кашкавал
120 г кругови шунка
1 зелена печена, лупена пиперка
2 лажици сенф
2 лажици мешан зачин К+
1 лажица нишесте
½ лажица црвен пипер
300 г резанки
масло за јадење
Хималајска сол и црн пипер
Потребно време за подготовка на ова јадење е 50 – тина минути.
Круговите шунка, киселите краставички, пиперката и кашкавалот ги сечкаме на коцки, и ги ставаме во длабок сад. Посолуваме, наросуваме мелен црн пипер и додаваме ½ лажица мешан зачин К+. Го промешуваме филот со лажица.
Кременадлите ги засекуваме на половина и со чук ги толчиме двете страни. Џебовите на кременадлите ги полниме со подготвениот фил и зацврстуваме со чепкалки. Полнетите кременадли ги посолуваме од едната страна и ги наросуваме со мелен црн пипер. Од другата страна во кременадлите ги втриваме црвениот пипер и 1 лажица мешан зачин. Ги пржиме кременадлите на загреано масло во тава на оган. Откако ќе поруменат од двете страни во тавата ги додаваме сенфот, пивото и преостанатиот мешан зачин. Издинстаните кременадли ги вадиме од тавата, ги ставаме на чинија и ги отстрануваме чепкалките.
Во садот со нишестето додаваме 70 мл вода и мешаме со жица. Размешаното нишесте го додаваме во тавата на оган. Откако сосот ќе ја добие потребната густина ја тргаме тавата од оган.
Во тенџере со зовриена вода на оган ги вариме резанките и ги цедиме во цедалка.
На чинија за сервирање ставаме од резанките. Врз нив сервираме две полнети кременадли и преливаме со сосот од пиво. Декорираме со листови ендивија и едно младо кромитче.
Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво црвено вино. Се служи на температура од 18-20 степени.
Добар апетит
Subscribe for upcoming recipes:
/ @hranaivinomkd
Follow us:
Facebook: / hranaivino
Повторяем попытку...
Доступные форматы для скачивания:
Скачать видео
-
Информация по загрузке: