Шести: Сведоштва за страдања и смрт во штипскиот затвор
Автор: CIVIL Media
Загружено: 2017-03-29
Просмотров: 46092
Описание:
Ердал Јусинов, 25 годишно момче, починало на 22 март 2017 година под нејасни околности во затворот во Штип, два месеци по неговото затворање. Младиот Ердал бил осуден за кражба на една година затвор.
Сведочењето на неговите блиски и соседите упатуваат на сериозни аномалии и пропусти на затворската служба и лекарите. Наводно, тие не му пружиле помош цели четири часа, додека Ердал бил во претсмртна агонија.
Семејството на починатиот штипјанец раскажува и за криминалот во затворот во Штип и за дискриминацијата што се врши врз затворениците Роми.
Ердал остави сопруга и две мали деца на милост и немилост на системот.
Затворот во Штип го нарекуваат „Шести“. Тој се наоѓа на шест километри оддалеченост од градот.
Новинар: Дехран Муратов
Камера: Биљана Јордановска
www.civil.org.mk
www.civilmedia.mk
www.civilalb.mk
www.civil.today
Повторяем попытку...
Доступные форматы для скачивания:
Скачать видео
-
Информация по загрузке: