Предаден во употреба новоизграден мост во Кадино
Автор: Општина Илинден
Загружено: 2015-06-11
Просмотров: 559
Описание:
Во присуство на голем број граѓани, на улица „6“ во н.м. Кадино на свечен начин беше предаден во употреба новоизградениот мост, како дел од Проектот „Изградба и санација на 10 мостови“. Ова е петтиот мост што Општина Илинден го гради во рамките на овој проект кој опфаќа изградба и санација на 10 мостови (сообраќајни и пешачки) со што се обезбедува подобра и побезбедна комуникација и значително се олеснува движењето на граѓаните.
Новиот мост, изграден на местото на стариот и дотраен руиниран премин кој што го попречуваше нормалниот проток на атмосферски води од постоечкиот канал и беше пречка за нормалното одвивање на сообраќајот, во употреба го предаде градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски.
Покрај изградбата на мостот долг 8 метри, со широчина од исто така 8 метри, од кои 6 метри е коловозна површина, и по 1 метар тротоари од двете страни, асфалтирани се и пристапите кон него, како и локалниот пат што води кон црквата „Свети Илија“, во должина од 240 метри.
Вкупната инвестиција што за мостот и улицата ја обезбеди од сопствени средства од Буџетот Општина Илинден, изнесува 5,5 милиони денари.
Повторяем попытку...
Доступные форматы для скачивания:
Скачать видео
-
Информация по загрузке: