Радио Охрид - репортажа за село Локов
Автор: Dean Petrovski
Загружено: 2025-07-08
Просмотров: 3441
Описание:
Радио Охрид
Репортажа за село Локов-Малесија-Струшко
Авторот на радио репортажата за село Локов-Малесија е новинарот на Радио Охрид Никола Ѓорѓиевски.
Никола Ѓорѓиевски е роден на 13.12.1936 година во село Лактиње-Дебарца-Охридско. Живее и работи како забар-дентист во Битола, Брод Македонски и Скопје, каде ја менува професијата и станува хонорарен новинар на Радио Скопје и некој други печатени медиуми.
Во „Радио Охрид-10кв“ работи од 16.02.1972 до 16.09.1976 година како новинар на радиото, а последната година како Главен и одговорен уредник на Радио Охрид. Од септември 1976 година, Никола Ѓорѓиевски со семејството се преселува во Скопје и до пензионирањето работи во Стопански весник-гласило на Стопанската комора на Македонија.
Никола Ѓорѓиевски како новинар на Радио Охрид има напишано 20-тина патеписни репортажи за Охридско-Струшкиот крај, но за жал сочувани се само две, за село Локов-Малесија и за село Турје-Дебарца.
Репортажата за Локов е напишана и емитувана преку Радио Охрид, при крајот на август 1974 година. Во тој период спикери на радиото се Цветко Божиновски од село Велмеј-Дебарца (кој ги чита репортажите) и Леонора Чекреџи од Охрид. Како што може да се чуе од репортажите, спикерот на Радио Охрид со својата дикција и радиофоничен глас е на рангот на првата и втората генерација легендарни спикери на Радио Скопје, нешто со кое дури и денес ретко кој електронски национален и уште помалку локален медиум може да се пофали!
Горенаведениот текст е приложен од синот на Никола Ѓорѓиевски, Игор Ѓорѓиевски-тел:072/272-456.
Повторяем попытку...
Доступные форматы для скачивания:
Скачать видео
-
Информация по загрузке: