Polneti pecurki | Hrana i Vino MKD
Автор: Hrana i Vino MKD
Загружено: 2018-02-26
Просмотров: 23402
Описание:
Со фил од млад кромид, шунка, кулен, пржени сечкани шампињони, рендано сирење, бело вино, сенф и зачини. Ако сте љубител на пикантна храна само додадете парчиња феферонки, ако пак не слободно изоставете ги - вкусот нема да изгуби ништо. Но, со тоа што ќе ги испечете наросени со рендан кашкавал ќе добие многу.
Polneti pecurki
ПОЛНЕТИ ПЕЧУРКИ
за 4 лица
500 г свежи шампињони
50 мл бело вино
магдонос
1 лажица сенф
1 лажица црвен пипер
1 лажица мешан зачин К+
2 врзопа млад кромид
50 г кругови шунка
50 г ленти кулен
50 г сирење
2 конзервирани феферонки
100 г кашкавал
½ лажица лук во прав
масло за јадење
Хималајска сол
Потребно време за подготовка на ова предјадење е 50 – тина минути.
На печурките им ги отстрануваме рачките и ги лупиме. Ги длабиме за полнење и ги ставаме во огноотпорен сад. Издлабените делови и рачките од печурките ситно ги сечкаме и ги пржиме на загреано масло во тава на оган. Откако течноста ќе испари посолуваме, и ги додаваме лукот во прав, сенфот, виното, црвениот пипер и мешаниот зачин К+. Магдоносот ситно го сечкаме и го додаваме во тавата. Динстаме додека алкохолот не испари и ја тргаме тавата од оган.
Младиот кромид ситно го сечкаме и кратко го запржуваме на загреано масло во друга тава на оган. Лентите кулен и круговите шунка ги сечкаме на ситни коцки, и ги додаваме во тавата. Потоа ситно ги сечкаме феферонките, па и нив ги додаваме во тавата. На крајот ги додаваме испржените сечкани шампињони, промешуваме и ја тргаме тавата од оган. На крупната страна од рендето во тавата го рендаме сирењето и го промешуваме филот со лажица. Ги полниме шампињоните во огноотпорниот сад. На крупната страна од рендето на чинија го рендаме кашкавалот. Го нанесуваме на полнетите печурки и попрскуваме со масло. Садот го ставаме во рерна. Печеме 30 минути на 200 степени и го вадиме од рерна.
На чинија за сервирање ставаме од Полнетите печурки и со лажица ги преливаме со сосот од огноотпорниот сад. Декорираме со листови магдонос.
Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.
Hrana i Vino MKD
Subscribe for upcoming recipes:
/ @hranaivinomkd
Follow us:
Facebook: / hranaivino
Повторяем попытку...
Доступные форматы для скачивания:
Скачать видео
-
Информация по загрузке: