Детска емисија | Мали-големи разговори (Еп.1)
Автор: TV KУMАНОBО
Загружено: 2026-01-03
Просмотров: 461
Описание:
Мали и големи разговори е детска разговорна емисија и прв продукт на онлајн телевизијата / каналот ТВ Кимахобо.
Емисијата има за цел да ги едуцира децата преку peer to peer learning – учење дете со дете – на забавен, природен и автентичен начин. Децата не се само гости, туку и активни учесници во разговорот, а во исто време и гледачи кои се препознаваат во темите и прашањата.
Во секоја епизода, две деца разговараат на теми блиски до нивното секојдневие: празници, желби, пријателство, однесување, емоции и личен развој. Разговорите се водат едноставно и искрено, без точни или погрешни одговори.
Посебен лик во емисијата е куклата, која преку кратки и јасни прашања ги поттикнува децата да размислуваат, да зборуваат и да отвораат мали, но важни – големи разговори.
Емисијата е наменета за деца на возраст 3+, со содржина прилагодена и разбирлива и за помалите и за поголемите деца.
Мали и големи разговори е продукт на Здружение за култура и уметност Арт-Манија,
во соработка со Едукативен центар Шаботиќ – Куманово.
Емисијата има едукативен и непрофитен карактер, со цел да создаде безбеден и инспиративен простор каде децата учат едни од други.
Повторяем попытку...
Доступные форматы для скачивания:
Скачать видео
-
Информация по загрузке: